речник контакт

Велес тивко одумира??!!

Можеби овој наслов некого ќе испровоцира но тоа е реалноста.

Петар Печков

Можеби овој наслов некого ќе испровоцира но тоа е реалноста.

Истражувајќи ги бројките на Заводот за статистика  мошне се индикативни податоците во последните три години 2005, 2006, 2007 (2008 сеуште не беше обработена).

Бројките се нашата сурова реалност, во последните години градот има помалку за 350 жители, многу или малку зависи дали човек е оптимист или песимист, или како ја гледа чашата со вода полуполна или полупразна.

Според Заводот за статистика во 2005-та и 2006-ма забележан е одлив на населението од градот. Конкретно во 2005-тата има дојдено 112 а заминато 217 жители, во 2006-тата  има доселено 108 отселено 183, наредната 2007 има 187 доселено и 178 отселено или плус 9.  

Бројките не се пријатни ниту во однос на природниот прираст. Во последните три години во Велес има повеќе починати отколку што има родени, во 2005-та родени 519 починати 575 или помалку 57, во следната минус 17 бидејќи се родиле 534 а починале 551, а во 2007-та помалку 97 откако во градот се родени 557 а почианти се 654 лица. Оваа состојба покажува дека Велес како град одумира, бидејќи во последните три години тој има 350 жители помалку. За причините можете да претпоставуваме, невработеност, еколошката загаденост, брак...

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »